Светскиот ден на туризмот кој се одбележува секоја година на 27-ми Септември секаде во светот, претставува уникатна можност за зголемување на свеста за придонесот што туризмот го има во глобалниот развој.
Оваа година, Светскиот ден на туризмот тематски обедини заеднички структури од туристичките можности и технолошките текови од big data, вештачка интелигенција и дигитални платформи со цел креирање на можности за одржлив развој.
“Иновациите и дигиталните решенија го хранат туризмот со можности за развој, инклузија”, порача генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, како единствена придружна членка од Македонија во Светската туристичка организација UNWTO, го одбележува овој настан и ја пренесува мисијата на организацијата во академската заедница. Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф. д-р Аце Миленковски и деканот на Факултетот за туризам, Проф. д-р Сашко Граматниковски активно учествуваа на официјалната церемонија за одбележување на Светскиот ден на туризмот која се одржува во Будимпешта, Унгарија.