ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ НА УТМС НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРУШЕВО БУДНО“

ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ НА УТМС НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРУШЕВО БУДНО“

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој долги години со својата дејност е етаблиран во Крушево, во рамките на манифестацијата „Крушево будно”, пред граѓаните на историското Крушево, ги претстави студиските програми од прв и втор циклус на студии, кои Универзитетот ги реализира на Факултетот за информатика, Економскиот факултет, Факултетот за туризам, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и Факултетот за правни науки (кој е во процес на акредитација).

Претставници на Универзитетот пред заинтересираните потенцијални студенти ги презентираа предностите и придобивките од студирање на овој престижен Универзитет.

Посебно беа потенцирани, препознатливата методологија на работа која е меѓународно призната и препознатлива, за што говорат бројни меѓународни признанија и награди.

УТМС е единствен Универзитет од Република Македонија, кој има статус на придружна членка на Светската туристичка организација на Обединетите Нации (UNWTO), носител на диплома TedQual за квалитет во едукацијата на прв и втор циклус на студии во областа на туризмот, и трикратен добитник на наградата Superbrands за 2013/2014, 2015/2016 и 2017/2018 година.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, како и досега, кој едуцираше бројни генерации од овој град, ќе ја продолжи својата образовна мисија за подигањето на образoвното ниво на граѓаните од Крушево.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај