СЕКРЕТАРОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ БУЛЕНТ ЕЏЕВИТ” ОД ТУРЦИЈА ВО СТРУЧНА ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

СЕКРЕТАРОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ БУЛЕНТ ЕЏЕВИТ” ОД ТУРЦИЈА ВО СТРУЧНА ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на Еразмус+ Програмата на Европската Унија за размена на академски и административен кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, еднонеделен стручен престој имаше г-ѓа Илкнур Орал, Секретар на Факултетот за економски и административни науки на универзитетот „Булент Еџевит” од Турција. За време на посетата г-ѓа Илкнур Орал се запозна со административното работење на универзитетот, како и со системот за електронско учење кој е целосно прилагоден според барањата на болоњскиот процес. Во текот на посетата беа истакнати заложбите на двете страни за поинтензивна соработка во однос на мобилноста на студентите и наставниот, односно административниот кадар помеѓу двете високообразовни институции.
Erasmus+ e програма на Европската Унија која има за цел да ги подобри вештините и вработливоста на студентите, но и да влијае на модернизација на образованието, обуките и работата со младите. Програмата е дизајнирана да ги поддржи напорите на програмските земји за што поефикасно искористување на човечкиот и социјален капитал во Европа, афирмирајќи го принципот на доживотно учење преку давање поддршка за интеграцијата на формалното и неформалното образование на младите.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е учесник во оваа реномирана програма на Европската Унија и досега има реализирано бројни мобилности на студенти и кадар во истакнати високо - образовни институции од Европа.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).