Во рамките на промотивните активности на 19.02.2018 година, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, беше посетен од матурантите од СУГС „Орце Николов“ од Скопје. Во функција на апликативно претставување на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, матурантите остварија средби со деканите, професорите и другите вработени кои ги информираа за условите и можностите за студирање. Воедно преку мултимедијална презентација им беше претставена методологијата на студирање со апликативност на платформата Е-студент, примената на дигиталната технологија во процесот на учење како и ентериерот на предавалните и амфитеатарот. За време на презентацијата, голем дел од учениците покажаа интерес за наставните програми на петте факултети кои функционираат во состав на УТМС, односно Факултетот за туризам, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и Економскиот факултет. Во непосредната комуникација со вработените, матурантите го искажаа големото задоволство и импресии од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1059-maturanti-od-sugs-orce-nikolov-od-skopje-vo-poseta-na-utms#sigProId5655b9dae0