Во организација на Факултетот за политологија на универзитетот „Александар Дубчек“ во Р. Словачка, на 23-ти Февруари 2018 година во Тренчин се одржа VII Меѓународна научна конференција на тема: „Современи политички аспекти“. Покрај бројните еминентни излагачи од земјата и од странство, на овој научен собир учествуваа, деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на УТМС, проф. д-р Александра Стоилковска, модератор на еден од панелите на конференцијата, како и проф. д-р Виолета Миленковска, доц. д-р Јана Илиева и доц. д-р Александар Даштевски. Главен излагач на конференцијата беше доц. д-р Јана Илиева, која на Пленарната седница имаше излагање на тема: „Правото на самоопределување во 21-от век: компаративен и меѓународно-правен аспект.“ Излагањето предизвика голем интерес за темата и конструктивна дискусија во контекст на актуелните состојби во остварување на правото на самоопределување.
Во рамките на посетата на конференцијата договорена е соработка помеѓу двата универзитета во програмата за мобилност Еразмус Плус, како и на полето на размена на искуства и резултати од научни истражувања и отпочнување на заеднички научно-истражувачки и стручни проекти кои ќе имаат значајна развојна улога во високото образование на двете држави, но и во регионот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1052-profesori-od-utms-uchestvuvaa-na-megjunarodna-nauchna-konferencija-vo-r-slovachka#sigProId3e6214b67b