На 01.02.2016 година, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, ја започна пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/2017 година, со презентации пред матурантите во неколку средни училишта во Битола.
Тим презентери од УТМС составен од доц. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам, доц. д-р Далиборка Блажеска, декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, доц. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, директорот за човечки ресурси на УТМС, м-р Јово Ратковиќ, асс. м-р Дејан Наковски, асс. м-р Горан Апостоловски, асс. м-р Андреја Мачкиќ и Драги Илиевски ги запознаа матурантите со методологијата на работа на УТМС.
Посебно го истакнаа начинот на студирање, спецификите и предностите на УТМС и секако условите за упис и студирање на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
Презентациии се реализираа пред 24 матуранти во Државното музичко училиште “Тоше Проески”, 62 матуранти во гимназијата “Јосип Броз-Тито“, 110 матуранти во ОСМУ “Др. Јован Калаузи“ и 26 матуранти во техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов“.
Во рамките на промотивните активности на УТМС, деканот на Факултетот за претприемачки бизнис, доц. д-р Наташа Ристовска, имаше гостување во попладневната емисија на ТВ Орбис Битола, а асс. м-р Дејан Наковски даде кратка изјава за вестите на ТВ Орбис за конкретните активности на УТМС во Битола и интересот на матурантите за оваа високо образовна институција.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1003-promotivnata-kampanja-na-utms-vo-gradot-na-konzulite#sigProIde9c8c69696