Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на 08.02.2016 година и официјално го започна пролетниот семестар во академската 2015/2016 година.
Студентите од петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за претприемаштво, Економски факултет и Факултетот за туризам, присуствуваа на првите предавања од овој семестар.
На нив тие имаа можност да се запознаат со проблематиката на предметите кои ќе ги изучуваат во вториот дел од академската година, како и да се подготват за нивните редовни обврски, односно темите за изготовка на презентациите и проектните задачи.