ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКА 2016/2017 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКА 2016/2017 ГОДИНА

Почитувани студенти на прв циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје,

Ве известуваме дека пролетниот семестар во академската 2016/2017 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе отпочне на 06.02.2017 година (понеделник), според распоредот на настава што е објавен на Е-студент.

Сите студенти (редовни и вонредни), запишани во соодветната година на студии во академската 2016/2017 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, најдоцна до 03.02.2017 година (петок), мора да запишат втор, четврти, односно шести семестар, за да можат да го продолжат понатамошното студирање.

Соодветниот семестар се запишува во Службата за студентски евиденции со поднесување пополнет семестрален лист, кон кој треба да бидат приложени соодветни уплатници за запишување на пролетен сместар во академска 2016/2017 година, за литература и Е-библиотека за пролетниот семестар во академска 2016/2017 година и за уплатена рата од школарина за студирање на УТМС во пролетниот семестар во академска 2016/2017 година.

Молам за придржување кон ова известување и утврдениот рок за запишување на пролетниот семестар во академска 2016/2017 година.

 

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје
Генерален секретар
Зоран Ѓорѓески

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај