По повод завршувањето на академската 2016-2017 година на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје беше одржана свечена церемонија на која според методологијата на студирање на најдобрите студенти им беа доделени декански пофалници.
Под покровителство на фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски” на победниците на натпреварот под мотото „Нај УТМС фотка” им беа врачени подароците, за освоено прво место 30.000,00 денари, за второ место 20.000,00 денари и за освоено трето место 10.000,00 денари.
Исто така на свечената церемонија беа претставени студентите од УТМС кои стипендирани од фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски” ќе се вклучат во еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/782-na-utms-dodeleni-dekanski-pofalnici-i-stipendii-na-najdobrite-studenti#sigProId5b76786145