МЕНТОРСКИ ЧАСОВИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО ФУНКЦИЈА НА ПЕРМАНЕНТНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ

МЕНТОРСКИ ЧАСОВИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО ФУНКЦИЈА НА ПЕРМАНЕНТНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ

Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент кој функционира во состав на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје во рамките на своите едукативни и научни активности перманентно одржува менторски часови кои се во функција на обезбедување максимална стручна и лична поддршка на студентите. Менторските часови ги реализира асс. м-р Ангела Миленковска која во соработка со студентите ги планира темите кои ќе бидат предмет на анализа и дискусија. Менторирањето има за цел на студентите да им го олесни процесот на учење и подучување во функција на стекнување со конкурентни компетенции. Практиката на УТМС е да се биде во постојана комуникација со студентите по однос на прашањата поврзани со редовноста на настава, методологијата на работа, изработката на семинарски трудови и презентации, како и анализата на постигнатите резултати. Во тој контекст асистентите се најважната алка во процесот на комуникација помеѓу студентите и професорите.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај