На 15 септември започна новата академската година на Универзитетот за туризам и менаџмент. На запишаните студенти топло добредојде им посака ректорот на Универзитетот проф. д-р Аце Миленковски. Во своето обраќање Ректорот посебно ја истакна заложбата на наставниот кадар за реализација на квалитетна настава преку која студентите ќе се стекнат со конкурентни компетенции кои ќе им овозможат активно и престижно вклучување во деловниот свет.
Со новите студенти на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, средба имаше и деканот, проф. д-р Далиборка Блажеска, која на новозапишаните студенти им посака успех, ги додели елетронските индекси и ги запозна со функционирањето на факултетот според единствената методологија.
На средбата беше потенцирано дека единствената методологија обезбедува стекнување знаења, вештини и компетенции кои се синоним за високи стандарди и барања за одржување на квалитетот. Тоа на Факултетот му обезбедува лидерско место во областа на високото образование во Европа и во светот.