Драги студенти, ве известуваме дека во понеделник на 15 септември во 12:00 часот започнува академската година на Универзитет Скопје.
Со одржување на првиот свечен академски час, ќе биде одбележан почетокот на наставата за студентите запишани во академска 2025/2026 година, по што следува и распоред за идните предавања.
По завршувањето на свечениот академски час, студентите од секој факултет ќе имаат одделни средби со деканите на кои ќе бидат информирани за идни активности во текот на академската година, примената на дигиталната технологија во процесот на студирање, наставните програми, распоредот на настава, како и за користењето на Е-индекс, Е-студент и Е-библиотека.
Тимот на Универзитет Скопје им посакува успешна академска година на своите нови колеги! 🎓
