На Факултетот за претприемачки бизнис денес 24.03.2016 година беше одржан менторски час со студентите од овој Факултет.
Менторот Асс. м-р Мери Ничкова заедно со студентите дискутираше за тековните настани на УТМС и за наставата на ФПБ.
На менторскиот час студентите разговараа со менторот за соодветното исполнување на нивните обврски и задачи во изработка на проектни задачи, презентации, есеи и за пријавувањето на дипломска работа. Целта на менторските часови е остварување на индивидуална и тимска поддршка на студентите во текот на студирањето.