Денеска беше одржан третиот менторски состанок на Факултетот за претприемачки бизнис. Менторот Асс. м-р Мери Ничкова заедно со студентите дискутираше за тековните настани на УТМС и за наставата на ФПБ. На менторскиот час студентите разговараа со менторот за соодветното исполнување на нивните обврски и задачи во изработка на проектни задачи, презентации, есеи. Целта на менторските часови е остварување на индивидуална и тимска поддршка на студентите во текот на студирањето.