Практиката на УТМС е да се биде во постојана комуникација со студентите по однос на прашањата во врска со редовноста на настава, методологијата на работа, изработката на семинарски трудови, како и анализата на досегашните постигнати резултати. Асистентите се најважната алка во процесот на комуникација, помеѓу студентите и професорите. Потврда за заедничката комуникација е постојаното одржување на менторски часови на Асс. м-р Ангела Миленковска со студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Оваа заедничка соработка овозможува надминување на евентуални проблеми во текот на наставата со цел да се добијат што е можно поголеми знаења, вештини и компетенции на студентите кои се запишани на нашиот Факултет.