Континуираното одржување на менторски часови со студентите покажуваат резултат. На ден 24.11.2015 година (вторник), се одржа состанок на менторот со студентите од III (трета) година на Факулетот за менаџмент на човечки ресурски, асс. м-р Ангела Миленковска.
На состанокот се разговараше за резултатите постигнати на вториот колоквиум, изработката на проектните задачи на студентите, презентирањето на истите по секој предмет, редовноста и присутноста на наставата како и за значењето на почитувањето на кодексот на облакање на УТМС.
Преку дискусија и разменување на мислења и ставови, се дојде до прогресиви заеднички заклучоци.