УЧЕСТВО ВО НАСТАВАТА НА УСПЕШНИ ПОСТДИПЛОМЦИ

УЧЕСТВО ВО НАСТАВАТА НА УСПЕШНИ ПОСТДИПЛОМЦИ

Презентација на тема „Стратегии на преговарање во јапонската култура" од студентот на постдипломски студии, Ивона Равлиќ

Денес, 23.04.2015 година, студентите од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на УТМС, имаа можност да проследат презентација од страна на студентот на постдипломски студии, Ивона Равлиќ. Согласно активностите на Универзитетот кој ги практикува со цел да се продлабочи знаењето на студентите по соодветниот предмет, темата на денешната презентација беше во областа на Деловното преговарање.

Ивона Равлиќ, која е студент на постипломски студии при Факултетот за претприемачки бизнис, воедно и додипломец на истиот факултет со титулата Summa Cum Laude, презентираше на тема „Стратегии на преговарање во јапонската култура". Свесна за потребата од продлабочување на знаењето на младите студенти преку примерите на поискусните студенти, таа смета дека оваа презентација ќе има значаен придонес при разработката на предметот Деловно преговарање. Изборот на темата се базира на различноста на културите и религиите во светот кои ги карактеризираат и стратегиите на преговарањето.

Како предмет на темата е земена јапонската култура, која значително се разликува од останатите култури во светот. Правилата и процедурите кои постојат во јапонската култура се особено важни за јапонците, особено во деловниот свет каде очекуваат и нивните деловни партнери да се однесуваат согласно тие правила. Студентите од прва година, имаа можност преку презентацијата да ги согледаат основните културни разлики во Јапонија и да се запознаат со карактеристичните одлики на јапонската култура кои имаат огромно влијание врз нивниот начин на преговарање.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај