На Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент студентите се во постојана комуникација со своите асистенти и професори. Студентите имаат можност, во директна комуникација со своите професори и асистенти, да го изразат своето задоволство, своите мислења околу предавањата кои се одржуваат на факултетот, но и евентуалните проблеми со кои се соочуваат. Атмосферата во која работат и учат е пријатна, дружељубива и прилагодена само за потребите и барањата на студентите. Притоа, менторите постојано ја следат активноста и редовноста на студентите на предавањата, како и нивното инволвирање во изработка на семинарски и презентации кои се задолжителни за секој предмет. Исто така, сите студенти на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент се распределени да одат на задолжителна пракса во неколку реномирани маркетинг агенции и компании и се следени и насочувани од нивните соодветни ментори.