Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент согласно методологијата на работа на Универзитетот за туризам и менаџмент има постојана комуникација со студентите. За таа цел дел од асистентите се назначени за ментори по пооделни години на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Тие се во постојана комуникација со студентите по однос на прашањата во врска со редовноста на настава, методологијата на работа, изработката на семинарски трудови, како и анализата на досегашните постигнати резултати. Како неразделен дел од таа комуникација со студентите се и професорите и деканот на Факултетот. Заедничката соработка овозможува надминување на евентуални проблеми во текот на наставата со цел да се добијат што е можно поголеми знаења, вештини и компетенции на студентите кои се зашипани на нашиот факултет.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/254-aktivnosti-na-mentorite-so-studentite-na-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment#sigProId966cbe8703