Почитувани студенти на УТМС,
Согласно новонастанатата ситуација со COVID 19, како и мерките и препораките на владата поврзани со вонредната состојба, наставата, полагањата, одбраната на скици за магистерски тези, магистерски трудови и дипломски трудови, како и останатите активности од сега ќе ги реализираме по електронски пат, запазувајќи и понатаму висок квалитет, објективност и постојаност.
Оттука, ве замолуваме редовно да ги проверувате вашите мејлови и да ги користите сите други достапни средства за комуникација на далечина со професорите и асистентите кои ви се на располагање, а стандардно на системот е-студент ви стојат на располагање материјалите за учење.
Во врска со полагањата, продолжуваме од утре, согласно распоредите за прв колоквиум на прв и втор циклус на студии, а за конкретните начини на реализација на секој колоквиум ќе бидете контактирани од предметните професори.
Овие измени се во согласност со последната Уредба што ја донесе Владата, со која се наложува наставата, но и проверките на знаењата, да се спроведат по електронски пат.
Воедно, упатуваме апел овој период да го искористите за стекнување на знаења, да се посветите на читање и креативност, за што академскиот кадар на УТМС ќе ви ја пружи сета потребна поддршка.
Ви посакуваме добро здравје и лесно учење!
Срдечно,
УТМС.