На 01.10.2019 во преполната сала на Амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, со одржувањето на свечениот час, официјално се означи почетокот на академската 2019-2020 година, за ново запишаните студенти на овој Универзитет. На свеченоста присуствуваа новите студенти, кои одлучија своето образование да го продолжат на некој од шестте факултети на УТМС: Факултетот за туризам, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Економскиот факултет и Факултетот за информатика.
На запишаните студенти срдечно добредојде им посака ректорот на Универзитетот проф. д-р Аце Миленковски. Во своето обраќање Ректорот посебно ја истакна меѓународната репутација на дипломата на УТМС, која е гарант за идни вработувања на сегашните студенти како на домашниот така и на меѓународниот пазар.
По завршувањето на свечениот академски час студентите од секој факултет имаа одделни средби со деканите на кои беа информирани за идни активности во академската 2019-2020 година, примената на дигиталната технологија во процесот на студирање, наставните програми, распоред на настава, користење на Е-индекс, Е-студент и Е-библиотека.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/1616-odrzhan-prviot-akademski-chas-na-utms#sigProIdec34892430