СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА УТМС НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА УТМС НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на планираните практикуми студентите од Факултетот за туризам, предводени од професори и асистенти реализираа наставно-научен практикум во Источна Македонија. Во текот на тродневното патување тие ја посетија Архиепископската црква „Св. Никола“ во Штип, музејот „Теракота“ во Виница, градскиот музеј и манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово. За време на посетата имаа можност да видат дел од етно-социјалните и културно-историските вредности на овие топоними. Според планираните активности го посетија локалитетот „Рамна Река“, водопадите во близина на Пехчево и Беровското езеро. Практикумот беше завршен со посета на винаријата „Далвина“ каде имаа можност да дегустираат вина и да присуствуваат на меѓународниот гастрономски натпревар „Гастромак Македонија 2017“ во Струмица.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај