Во рамките на планираните академски активности, студентите од УТМС, предводени од доц. д-р Дејан Наковски, асс. м-р Андреја Мачкиќ, асс. м-р Гордана Серафимовиќ и демонстратор Татјана Јанева реализираа студиско патување со посета на универзитетот „Сингидунум” и Меѓународниот саем за туризам во Белград.
За време на посетата на универзитетот „Сингидунум” во Белград, студентите имаа средби со професорите, асистентите и со дел од студентите од „Сингидунум”, каде што им беа презентирани информации за организациската поставеност, методологијата на студирање и иновативните промени на универзитетот.
Студентите го посетија 41-от Меѓународен саем за туризам во Белград, кој претставува најголема и најзначајна туристичка манифестација во регионот на Југоисточна Европа. На саемската манифестација студентите имаа можност да се запознаат со најновите трендови и случувања во туристичката индустрија, да видат нови концепти и можности за патувања, како и нови перспективи во развојот на туристичкиот бизнис. Освен саемот за туризам, студентите ги посетија и 10-от Меѓународен саем за вино - „BeoWine“, и 15-от Меѓународен саем за хотелско-угостителска опрема – „HORECA-OPREMA“.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/1448-saem-za-turizam-belgrad-2019#sigProId42cdc60159