Студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, предводени од доц. д-р Дејан Наковски, асс. м-р Горан Апостоловски и асс. м-р Андреја Мачкиќ, на 09.11.2018 година беа во еднодневна посета на 34ти Саемот за туризам „PHILOXENIA 2018“ што се одржува во Солун. Во рамките на наставно-научниот практикум студентите од УТМС го посетија и Casino Flamingo Hotel – Гевгелија, каде од менаџерскиот тим на хотелот беа запознаени со иновативните модели на стратешко и оперативно менаџирање на ресурсите во хотелот.
Студентите преку директни контакти со излагачите на „PHILOXENIA 2018“ имаа можност да се запознаат со богатата туристичка понуда и со туристички трендови во светските туристички дестинации, но и да ги осознаат најсовремените интерактивни маркетинг пристапи на глобалниот туристички пазар, начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, како и организирањето на настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/1376-nastavno-naucen-praktikum-philoxenia-2018#sigProId01171f23dd