Во рамките на планираните академски активности, студентите од УТМС, предводени од доц. д-р Дејан Наковски и асс. м-р Андреја Мачкиќ, реализираа студиско патување со посета на универзитетот „Сингидунум” и Меѓународниот саем за туризам во Белград.
За време на посетата на универзитетот „Сингидунум” во Белград, студентите имаа средби со професорите, асистентите и административниот кадар на кои им беа презентирани информации за организациската поставеност, методологијата на студирање и иновативните промени на универзитетот.
За време на престојот студентите присуствуваа на експертско предавање одржано од доц. д-р Данијел Петковиќ за предизвиците на туризмот во Р. Србија, како и компаративна анализа со туризмот во Р. Македонија.
Во функција на реализација на наставно-научни практикуми, студентите од УТМС го посетија Меѓународниот саем за туризам во Белград. Целта на посетата на саемот беше примена на теориските знаења во реални ситуации преку кои студентите имаат можност да учат за новите трендови во туристичката индустрија од аспект на туризам, маркетинг, економија, претприемништо и менаџмент на човечки ресурси.