Во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на 25.02.2016 година се одржа обука од страна на Македонската асоцијација на менаџери, на која присустваа гости од Македонската асоцијација на менаџери, студенти и наставен кадар на УТМС.
Обуката ја одржа Сам Вакнин, а темата на обуката беше „Странски директни инвестции“. Во своето предавање Вакнин зборуваше за значењето на СДИ во промоцијата на економскиот раст и одржливиот развој.
Во текот на дво часовното предавање предавачот ги презенитраше позитивните и негативните страни од странските дикректни инвестции, но и цената на привлекување на истите. За врвна успешност на обуката проденесе интеракцијата помеѓу предавачот и публиката и се разви дискусија.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/989-na-utms-odrzhana-obuka-za-stranski-direktni-investicii#sigProId7816bfd225