НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА МАРКЕТИНГ ДИРЕКТОРОТ НА „ЕУРОИМПЕКС“, Г-ЃА ИВАНА МАНЧЕВА-МИХАЈОВСКА

НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА МАРКЕТИНГ ДИРЕКТОРОТ НА „ЕУРОИМПЕКС“, Г-ЃА ИВАНА МАНЧЕВА-МИХАЈОВСКА

Брендот “Пежо” користи различни макретинг стратегии

Во рамките на програмата за повикување на гости предавачи од различни области кои се составен дел од програмите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, денес 23.03.2016 пред студентите од УТМС предавање одржа г-ѓа Ивана Манчева Михајловска, маркетинг директор на „Еуроимпекс“, застапник и генерален увозник на автомобилите „Peugeot“ за територија на Република Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Гостинот предавач говореше на тема “Процес на креирање на кампања и фокус на дигиталните медиуми”

Г-ѓа Михајловска најнапред во своето излагање ги престави маркетинг стратегиите кои “Пежо” ги користи со цел да ја зголеми продажбата на автомобили, при тоа образложувајќи дека брендот “Пежо” користи различни маркетинг стратегии во зависност од земјата во која ги пласира своите автомобили.

„Пред да се креира било каква маркетинг стратегија, потребно е добро да се познава пазарот односно неговата култура и религија“, рече Михаловска која посочи дека во спроведената маркетинг кампања за автомобилот „Peugeot 208“, иако се користеле сите медиа миксови за кампањата, како телевизијата, весниците, билбордите, web-страните, дигиталните медиуми и радиото, сепак најголем “feedback” имале со рекламирањето на дигиталните медиуми, а најмал преку весниците.

На крајот на предавањето г-ѓа Михајловска ги покани сите присутни на тест возење во “Пежо”.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај