НА УТМС СЕ ОДРЖА ЕКСПЕРТСКО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РЕЛЕВАНТНО РАБОТНО МЕСТО

НА УТМС СЕ ОДРЖА ЕКСПЕРТСКО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РЕЛЕВАНТНО РАБОТНО МЕСТО

Креирањето на конкурентна економија бара едуцирана и добро обучена работна сила. Токму во таа насока во организација на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 16.11.2016 година, се одржа предавање на тема „ПРЕПОЗНАВАЊЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РЕЛЕВАНТНО РАБОТНО МЕСТО“.

Предавањето започна со обраќање кон студентите и претставување на гостин-предавачот од страна на деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска.

Државниот советник за образовни политики во Министерството за образование и наука, г-ѓа Наташа Јаневска, ја истакна важноста од идентификување и дефинирање на компетенциите како клучен елемент во создавањето на Националната рамката на квалификации која е од особено значење за самонасочување и избор на професијата од страна на студентите. Посебно се осврна на толкување на значењето на квалификациите и нивната базираност на резултатите од учење, како и можноста за нивно стекнување по формален, неформален и информален пат. Во контекст на стандардизирање на Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации, беше потенцирано дека УТМС е единствен универзитет во Р. Македонија кој ги имплементирал меѓународните стандарди за компетенции и квалификации и како таков на состанокот во Брисел бил доказ во процесот на референцирање, т.е. хармонизирање на македонската со европската рамка на квалификации. Со исказот: „УТМС е лидер во високото образование во Р. Македонија“ г-ѓа Јаневска ги потенцираше меѓународно признатата диплома и додаток на дипломата, компатибилност на наставните програми со тие на престижните универзитети во светот, мобилоста на студентите, инволвирање на претставници од бизнис заедницата во креирањето на политиките на секој од факултетите и др.

Македонската рамка за квалификации претставува линк помеѓу различните системи на квалификации во светот, со што се зголемува мобилноста на поединците, како во процесот на образование, така и на пазарот на трудот. Најголем дел од активностите предвидени со овој проект се имплементирани во работата на факултетите на УТМС, така што претставниците од Универзитетот ги презентираа практичните искуства во поглед на резултатите од учењето, т.е. компетенциите со кои ќе се стекнат студентите по дипломирањето.

Во своето завршно излагање г-ѓа Јаневска истакна дека: „Квалификациите не се make-up, туку препознатлив и транспарентен систем кој е во функција на потербите на деловната заедница со цел јакнење на економските капацитети на Р. Македонија“.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).