МЕНАЏМЕНТОТ НА СКОПЈЕ МЕРИОТ ХОТЕЛ ОДРЖА ЕКСПЕРТСКО ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС

МЕНАЏМЕНТОТ НА СКОПЈЕ МЕРИОТ ХОТЕЛ ОДРЖА ЕКСПЕРТСКО ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС

Рангирани помеѓу најпрестижните светски брендови и оправдано носејќи ја титулата за најдобар хотелски глобален бренд, Скопје Мериот Хотел воспостави нови стандарди во хотелската индустрија во Р. Македонија. Во насока на градење на знаењето, но и деловните компетенции на своите студенти, УТМС потпиша Меморандум за сорабтка со Скопје Мериот Хотел кој подразбира низа на позитивни практики и активности за двете страни, од типот на реализација на практична настава, вработувања и експертски предавања. Токму во тој правец, а со цел поттикнување на студентите кон аплицирање на стекнатото знаење, генералниот менаџер на Скопје Мериот Хотел, г-дин Дирк Влирбум и директорот на маркетинг и продажба г-дин Пјотор Ленцевски одржаа интересно и предизвикувачко експертско предавање на тема: Управување на глобален бренд на интернационален и локален пазар.

Богатото професионално, интернационално искуство на менаџерите на Скопје Мериот Хотел беше интегрирано во интерактивното предавање кое опфати современи теми, потенцирајќи ги предизвиците на глобалниот туристички пазар, иднината на брендовите, можноста да ги антиципираме идните динамики на пазарот и структурите на моделирање на комуникациски миксови со цел успешно одржување и позиционирање на бренд стратегијата.

Студентите на УТМС ги препознаа информациите за конкурентско позиционирање на брендот преку корелацијата со фактот дека УТМС две години е добитник на наградата СУПЕРБРЕНД во високото образование, како и низа награди од меѓународен карактер. Токму затоа во рамки на интерактивното предавање се разви прагматична и елоквентна дискусија на посочената тема, преку која се актуелизираа важни економски, маркетинг и останати прашања кои се поврзани со туристичката индустрија, посебно акцентирајќи ги предизвиците со човечки ресурси, адаптибилност и процес на учење на кадрите.

Во своето излагање, г- динот Влирбум, вешто водејќи активна дискусија со студените и наставниот кадар, ја нагласи ургентноста од создавање на високфалификувани кадри, што тој ја смета за основа за одржување на високи стандарди и адресирање на современите индустриски промени.

Оваа поента, совршено ја надополни г-динот Ленцевески, која пак тематски беше фокусиран кон појаснување на потребата од паметни и јасни маркетинг стратегии во насока на постојана комуникација со клиентите.

Со ова предавање, студентите на УТМС ја потврдија потребата за постојано учење и вложување во знаењето, кое не е само неопходност туку и предуслов за кариерен напредок во модерниот и глобален бизнис.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај