АМБАСАДОРОТ НА Р. СЛОВАЧКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА Г- ДИН МАРТИН БЕЗАК ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА СЛОВАЧКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

АМБАСАДОРОТ НА Р. СЛОВАЧКА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА Г- ДИН МАРТИН БЕЗАК ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА СЛОВАЧКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во рамките на програмата за гости- предавачи на Универзитетот за туризам и манаџмент во Скопје на 24.11.2016 година, експертско предавање одржа амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Неговата Екселенција г-дин Мартин Безaк, кој пред студентите на УТМС се обрати на темата „Предизвикот на словачкото претседателство со Советот на Европската Унија“

На предавањето студентите имаа можност да добијат информации и да се запознаат со активностите поврзани со превземање на претседавањето на Република Словачка со Советот на Европската Унија и начелата на функционирање на ротирачкото претседателство на Советот. Исто така Амбасадорот ги истакна трите главни сфери на кои се посветила Република Словачка за време на своето претседателство а тоа се: Брегзит, Братиславскиот самит на ЕУ лидерите и приоритетите на Словачка во решавање на мигрантската и бегалска криза. Во своето излагање Амбасадорот потенцираше дека еден од приоритетите на Република Словачка е и проширувањето на Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи на земјите од Западен Балкан, поради заокружување на процесот на стабилизација и асоцојација во Европа. Во текот на предавањето дел од студентите и вработените поставија прашања за актуелните геостратешки и политички процеси и прашања кои се од интерес за Р. Македонија. Своето излагање Амбасадорот го заврши со иновативен, промотивен видео спот за традиционалните и иновативните вредности на Р. Словачка.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај