Г-дин Ристе Самарџиев, ко-основач и сопственик на компанијата „Clicon Technologies“.
Во рамките на годишната програма на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на ден 21.03.2016 година, од Факултетот за претприемачки бизнис за наставата по предметот претприемаштво и мал бизнис, гостин предавач од практиката беше г-дин Ристе Самарџиев, ко-основач и сопственик на компанијата „Clicon Technologies“, кој говореше на тема „Од идеја до бизнис - Онлајн платформа за раст на мали и средни бизниси“.
Г-дин Самарџиев како претприемач и сопственик на бизнис ги потенцираше состојбите и предизвиците за малите бизниси денес, како и влијанието и ефектите на развојот на информациската технологија врз унапредување и олеснување на нивното работење. Во таа насока, студентите имаат можност да се запознаат со фазите низ кои поминува еден стартап, но и потребата од голема храброст, упорност, посветеност, желба и амбиција при креирањето на успешна претприемачка приказна.
Во своето излагање г-дин Самарџиев детално ја образложи платформата која нивната компанија ја нуди за малите бизниси достапен со месечна претплата, а им го олеснува и забрзува управувањето со документите како и им овозможува поголема интернет видливост. Истражувањето на пазарот укажало на потребата и интересот на малите бизниси за софтвер, со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста во работењето.
Студентите имаа можност да го надополнат нивното теоретско знаење од областа на претприемаштвото кое го стекнуваат во рамките на наставата со практичен пример на бизнис кој започнува од почеток со понуда на иновативен производ на македонскиот пазар со поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој на РМ.
https://utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/625-gostin-predavach-na-fakultetot-za-pretpriemachki-biznis#sigProIdcdfa29fb2f