Во рамките на програмата за повикување на гости предавачи на Универзитетот за туризам и манаџмент од Скопје денес 16.03.2016 година гостин предавач беше амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија г-дин Мартин Безaк, кој пред студентите на УТМС се обрати на темата „Успехот на Вишеградската соработка како инспирација за западен Балкан“.
Во своето излагање тој ја истакна важноста на Вишеградската интеграција која постои дваесет и пет години и претставува стабилно и респектирано тело во рамките на Европската Унија и НАТО.
Амбасадорот Безак на предавањето особен осврт даде на соработката меѓу земјите членки на западен Балкан и поддршката која групата В4 ја дава во областа на заедничка одбрана во период на криза и справување со мигрантите, пред се во обезбедувањето на границите. В4 групацијата, како што рече е традиционален подржувач на европските интеграции на Западен Балкан.
Амбасадорот Безaк го истакна и значењето на Вишеградскиот фонд за јакнење на културата, уметноста, туризмот и образованието, преку кој студентите можат да добијат грантови и можност за студирање во Словачка и земјите членки на групацијата.
На крајот од предавањето гостинот зборуваше за трите причини за успех на Вишеградската интеграција, односно флексибилноста, фокусот на позитивната агенда и силната солидарност, како и за успехот на Словачка кој се должи на В4 групата.
По предавањето присутните студенти имаа прилика да постават прашања во врска со ефектот на туризмот и економијата кои ги има Вишеградската група во регионот. економијата кои ги има Вишеградската група во регионот.