ПРЕТСТАВНИКОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, Г-ДИН ВАНЧО КАРГОВ, ВО ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

ПРЕТСТАВНИКОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, Г-ДИН ВАНЧО КАРГОВ, ВО ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

На 25-ти Ноември 2016 година, во посета на УТМС беше претставникот на Р. Македонија во Светската трговска организација со седиште во Женева, г-дин Ванчо Каргов.

На средбата со Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, високиот претставник во СТО, кој воедно е и претседател на Одборорт за доверба и соработка (Advisory board) на Економскиот факултет на УТМС, беа разгледани повеќе сегменти на делувањето на СТО, со посебен осврт на можностите за вклучување на Универзитетот, преку програми, проекти и кадровски потенцијали како и со поддршка на студентите, во унапредувањето на сознанијата и реализацијата на повеќе сегменти на делување на СТО, во следниве области:

  • Спогодбите за субвенциите и компензационите мерки;
  • Антидампинг практики;
  • Заштити на домашната продукција;


Во конструктивниот разговор беше потенцирана и неопходноста на оспособување на кадри кои активно би придонеле кон високо експертско целесообразно вклучување на Република Македонија во СТО, за што, согласно заклучоците, УТМС ќе има сигнификантна образовна улога во претстојниот период.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).