ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДАТА НА Р. ФРАНЦИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ОДРЖАА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ГЕНЕРАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ТУРИЗМОТ

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДАТА НА Р. ФРАНЦИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА ОДРЖАА ПРЕДАВАЊЕ НА УТМС ЗА ГЕНЕРАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ТУРИЗМОТ

На 29.11.2016 година во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, предавање пред студентите и вработените на УТМС како и пред претставници на Стопанската комора на Република Македонија, одржаа Советникот за култура во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и директор на Францускиот институт во Скопје, г-ѓа Isabelle Marchi-Barbaux, Заменик регионален директор за животна средина, просторно планирање и домување на Република Франција, г-ѓа Laurence Pujo и Регионалната директорка за екологија на Република Франција, г-ѓа Paula Fernandes.

Гостите предавачи говореа на актуелни теми за современите туристички трендови во Р. Франција. Г-ѓа Isabelle Marchi-Barbaux се осврна на генералните трендови на туристичкиот сектор во Р. Франција како најпосетувана земја во светот, со посебен акцент на алтернативните форми на туризам (еко-туризам, семеен туризам, деловен туризам...) кои претставуваат иновативен сектор кој е во експанзија во Европа. Во својата презентација г-ѓа Isabelle Marchi-Barbaux посебно ги претстави и двата туристички регион: Нормандија и Алзос. Во своето излагање таа ја потенцираше успешната билатерална соработка на двете држави во областа на културата, образованието и бизнисот.

Заменик регионален директор за животна средина, просторно планирање и домување на Р. Франција, г-ѓа Laurence Pujo и Регионалната директорка за екологија на Република Франција, г-ѓа Paula Fernandes во своето предавање дадоа осврт на одржливиот туризам во заштитените подрачја на југозападниот дел на Франција, со студија на случај во Националниот парк „Пиринеи“. Во предавањето ги споделија содржините и концептот на овој национаен парк кој е најпосетуван во Р. Франција со над 1,5 милиони посетители годишно. Исто така ги споделија искуствата и знаењата во менаџирањето на туризмот во заштитените подрачја, за кои истакнаа дека се применливи и во заштитените подрачја во Р. Македонија.

Освен претставниците од амбасадата на Република Франција во Република Македонија пред студентите свое обраќање имаше и м-р Наташа Јовановска, од МЖСПП на Република Македонија, која ги презетираше стратегиите и плановите за развој на туризмот во националните паркови во Република Македонија.

На крајот на студентите им се обрати и извршниот директор на Сојуз на Стопански Комори на Р. Македонија, г-дин Митко Алексов, кој го потенцираше значењето на стратешката определба на Р. Македонија за поддршка и развој на туризмот како значаен индустриски сектор кој влијае на економијата на секоја држава.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај