
Број на часови: 76 академски часа (теоретска и практична настава) Динамика: 8 академски часа неделно, понеделник и среда 18:00 - 21:00 Времетраење: 3 месеца (јуни/септември/октомври)
Начин на оддржување: Физичко присуство или онлајн следење зависно од потребите на слушателите
Локација: Универзитет Скопје или преку платформата Zoom
Организатори: Универзитет Скопје и Пингала Консулт
Цена: 780 евра, 15% попуст на вториот учесник од иста организација
Контакт: 078 33 43 73, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Усогласеноста со прописи (Regulatory Compliance) подразбира почитување на сите закони, регулативи и стандарди што се применуваат во работењето на една организација. Усогласеноста е клучна за долгорочен успех и доверба на пазарот.
Во современото динамично деловно и институционално опкружување, усогласеноста со прописите не е само законска обврска — таа е клучна основа за доверба, стабилност и одржлив успех. Компаниите и организациите кои систематски ги почитуваат релевантните прописи го зајакнуваат својот интегритет, ја минимизираат изложеноста на ризици, се заштитуваат од финансиски казни, вклучително и одземање на дозвола за работа, како и ја градат својата репутација како сигурни партнери за вработените, клиентите, инвеститорите и останати заинтересирани страни.
За кого е наменета?
- Членови на тимот за усогласенот со прописите во корпорации, компании и институции кои имаат имплементирано Систем за усогласеност со прописите
- Компании, институции и организации кои планираат да имплементираат систем за усогласеност со прописите
- Компании кои ги пласираат или планираат да ги пласираат своите производи и услуги на странски пазари
- Правници и адвокатски друштва и канцеларии кои даваат услуги на своите клиенти за усогласенот со прописите
- Компании кои имаат или планираат да бараат странски и домашни инвеститори за нивните компании или проекти
- Професионалци во усогласеност, правници, правни стручњаци, консултанти и лица од други области кои сакаат подетално да навлезат во темата на Усогласеност со прописите
- Компании кои изработуваат системски решенија поврзани со Системот за усогласеност со прописите
Методологија на предавање
Секоја тематска област на деловна усогласеност со прописите може да претставува специјализирана тематска едукација, но целта преку оваа едукација да им се понуди на учесниците програма за знаења поврзана со општ преглед на функцијата за усогласеноста со прописите, која ќе ги опфати најважните аспекти на оваа контролна функција, но и ќе го објасни нејзиното постоење, развој и нови трендови. Модулите ќе опфатат подетален општ пристап во обработката на поединечни тематски единици, како и специјализиран пристап зависно од секторот на делување.
Академијата ќе се одвива на интерактивно ниво со предавања со презентации, практични примери и студии на случај релевантни за целната група.
Предавањата ќе се одвиваат во вкупно 76 часа, и ќе вклучуваат:
- Предавања
- Тематски работилници
- Анализа на случаи
Што добивате?
- Врвни предавачи со искуство од повеќе од 15 години
- Учебни помагала и едукативни материјали
- Следење на обуката со физичко присуство во современи предавални опремени со најнова технологија
- Можност за следење онлајн
- Можност за плаќање на рати
- Бројни дополнителни поволности за други едукации, настани и можности за вмрежување со професионалци од оваа фела
- Анализа на случаи, како и практични примери и вежби
- Дополнителен попуст за двајца и повеќе учесници од иста организација
- Сертификат за неформално образование за присуство и положен завршен испит од Универзитетот Скопје
- Применливи и практични знаења кои ќе Ви користат во моменталната работа и ќе ви помогнат во унапредување на кариерата во оваа област
Придобивки за тебе:
- Зголемена вработливост: Посебно во сектори како банкарство, здравство, ИТ, телекомуникации, фармација, осигурување, јавен сектор
- Унапредување на кариерата: Можеш да се позиционираш како compliance officer, лице за контрола на усогласеноста на работењето со прописите, или консултант специјалист во оваа област со можност за надворешно давање на функцијата на усогласеност со прописите
- Подобро разбирање на законите и регулативите: Корисно и ако си на раководна функција или имаш свој бизнис
- Сигурност при одлучувањето: Ќе знаеш да управуваш со ризиците од усогласеност на прописите и да носиш информирани одлуки
- Меѓународна применливост: Разбирање на меѓународниот контекст за усогласување со регулативата и регулаторното опкружување во различни јурисдикции
Што ќе научиш:
Ако посетуваш Академија за усогласеност со прописи (Regulatory Compliance Academy), ќе научиш како организациите се усогласуваат со законите, регулативите и интерните акти и процедури за да избегнат правни, финансиски и репутациски последици.
- Појава и основи на регулаторна усогласеност
- Што е усоласеност со прописи и зошто е посебно важна оваа функција за компаниите/организациите како контролна функција и втора линија на одбрана во рамки на доброто корпоративно управување (применливо за различни индустрии)
- Меѓународни и национални регулативи
- Различни ризици поврзани со финкцијата на усогласеност со прописите: заштита на личните податоци (GDPR), спречување перење пари ќ
(Anti-Money Laundering), меѓународни акти од областа на управување со ризици од корупција и поткуп (Foreign Corrupt Practices Act), ISO стандарди, локална регулатива
- Процеси и алатки кои можат да помогнат во успешна имплемрнтација на функцијата за усогласеност со прописите
- Како се развиваат и имплементираат програми за усогласеност со прописи, слење и ревизија
- Идентификација и проценка на регулаторни ризици, управување со судир на интереси, системи за укажувачи (whistleblowing) и сл.
- Извештаи, ревизии и инспекции
- Подготовка за регулаторни контролни прегледи и извештаи кон надлежни тела
- Комуникација и обука
- Како се обучуваат вработените и како се гради организациска култура на усогласеност
- Етика и интегритет
Предавачи:

проф. д-р Јован Андоновски
Јован Андоновски, роден 1980 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје; Во 2001 г. - специјализирал меѓународно право на „Јагиелонскиот Универзитет“ во Краков, Република Полска, магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје 2010г. каде и докторирал на Катедрата по Римско право во 2015 г. Исто така, специјализирал на „Правна усогласеност“ (Regulatory Compliance) на Penn University во САД, во 2023 година. Од 1999 до 2002 г. работел во Собранието на Република Македонија на Проект на Националниот Демократски Институт. 2003 - 2006 г. работел како адвокатски приправник, а истата година бил назначен за заменик-директор на Централниот регистар на Република Македонија. Од 2007 до 2009 година работел во Министерството за надворешни работи како раководител на одделние и бил прв Секретар во Амбасадата на РМ во Виена, Австрија. Од 2009 до 2014 година бил државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, каде исто така работел и како Државен советник. 2015 година е избран за насловен Доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во 2020 година за насловен Вонреден професор. Од октомври 2016 година ја извршува должноста заменик Народен правобранител се до октомври 2024 година. Бил стипендист на фондациите „Кралица Јадвига„ од Полска и фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија. Говори англиски, германски и полски јазик. Автор е на бројни стручни и научни публикации и дела од областа на правото во државата и странство.

м-р Ирена Бачановиќ Каракашев
м-р Ирена Бачановиќ Каракашев, меѓународно сертифициран compliance професионалец и консултант, со долгогодишно банкарско искуство во областа на управување со ризици од неусогласеност, заштита на лични податоци, корпоративно управување, етика и интегритет. Обучувач на теми од областа на усогласеното
работење, етика и интегритет; и активен промотор на compliance функцијата како значајна контролна функција во рамки на доброто корпоративно управување. Тренер е на ISO стандарди од областа на информативна сигурност и заштита на лични податоци, како и систем за усогласено работење (Compliance management system) и други сродни по област стандарди. Поседува искуство во работа на проекти финансирани од страна на меѓународни организации.