Обуката е еднодневна, дизајнирана за студентите на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Програмата е конципирна според актуелните трендови во однос на примената на дигиталните медиумите во брендирањето на компаниите и им овозможува на учесниците да го разберат значењето на темата во однос на примената на дигиталните алатки во процесот на позиционирањето на брендот.
Примената на дигиталните медиумите во брендирањето на компаниите е приоритетна алатка го креира брендот и ја позиционира компанијата.
Целта на обуката е:
Стекнување на компетенции за примена на дигиталните медиуми во процесот на брендирање на компаниите; идентификување на соодветните дигитални медиуми според спецификите на таргет групите; изработка на акционен план за дигитални комуникации во функција на брендирање на компаниите.
Модули:
1. Функцијата на дигиталните медиуми во брендирањето на компаниите
2. Бренд и брендирање
3. Избор на соодветни дигитални медиуми за позиционирање на брендот во зависност од спецификите на таргет групите
4. Креирање на дигитални медиумски стратегии за одржливо позиционирање на брендот
5. Менаџирање на промените во во брендирањето и дигиталните медиуми
6. Стандарди за креирање на бренд со примена на мултимедијални алатки
7. Медиумска етика
Реализатори:
Проф . д-р Далиборка Блажеска
Доц. д-р Љупка Наумовска
Асс. м-р Андреа Мачкиќ