ОБУКА ЗА СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ

Обуката на тема: Современи трендови во бизнисот е овозможена со покровителство на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, а во организација на Центарот за кариера на УТМС и Факултетот за претприемачки бизнис. Обуката е еднодневна, дизајнирана за ученици од средно училиште и за студенти. 

Програмата е лесно разбирлива и овозможува учесниците да ги подобрат своите знаења за виодвите на бизниси, начинот на селекција на квалитетна бизнис идеја, започнување на сопствен бизнис, поставување на менаџерска структура и значењето на менаџерските вештини и компетенции, изработка на бизнис план, потенцирање на современите концепти на интрапретприемаштво, иновациски менаџмент, менаџмент на целосен квалитет и менаџмент на односи со клиентите. На крајот на обуката на учесниците им се доделуваат сертификати за посетувана обука.

Целта на обуката е:
Целта на обуката е обучуваните да се стекнат со нови сознанија за менаџерската економија, начинот на употреба на економските концепти во водењето на бизнисите и запознавање со предизвиците со кои се соочуваат бизнисите во современите услови на функционирање притоа нагласувајќи ја потребата од примена на иновативни менаџмент концепти и методи со кои се зголемува ефикасноста, ефективноста и конкурентската способност на бизнисите.

Модули:
1. Мали и средни бизниси
2. Започнување на сопствен бизнис
3. Селектирање на бизнис идеја
4. Бизнис план
5. Менаџерска структура и менаџерски компетенции
6. Интрапретриемачки дух и интрапретриемачка култура
7. Иновациски менаџмент
8. Менаџмент на квалитет
9. Менаџмент на односи со клиентите

Реализатори:
Доц. д-р Наташа Ристовска
Доц. д-р Александар Даштевски
Асс. м-р Мери Ничкова

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).