ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ И БИЗНИС ПЛАНИРАЊЕ

Обуката на тема: Претприемачки вештини и бизнис планирање е овозможена со покровителство на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, а во организација на Центарот за кариера на УТМС и Факултетот за претприемачки бизнис. Обуката е еднодневна, дизајнирана за ученици од средно училиште и за студенти. 

Програмата е лесно разбирлива и овозможува учесниците да ги подобрат своите знаења за претприемаштвото, клучните претприемачки карактеристики, концептот на интрапретприемаштво, методите за генерирање и селекција на квалитетни бизнис идеи, клучните менаџерски улоги и вештини и стиловите на раководење, фазите во процесот на планирање, структурата на бизнис планот и факторите на кои се заснова конкурентската предност на одредена бизнис идеја, при што се потенцира потребата од создавање и одржување на конкурентската предност кај бизнисите во современи услови на функционирање. На крајот на обуката на учесниците им се доделуваат сертификати за посетувана обука.

Целта на обуката е:
Со правилно насочување на енергијата, континуирано надградување на сопствените знаења и вештини и целосно искористување на личните потенцијали и потенцијалот на пазарот, младите можат да бидат успешни претприемачи и креатори на сопствената иднина.

Модули:
1. Бизнис и претприемаштво
2. Претприемачки карактеристики
3. Бизнис идеја
4. Менаџерски улоги и вештини
5. Конкурентска предност
6. Процес на планирање
7. Структура на бизнис план

Реализатори:
Доц. д-р Наташа Ристовска
Доц. д-р Александар Даштевски
Асс. м-р Мери Ничкова

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).