Тим од УТМС ја продолжи промотивната кампања во Т.Ц. Лептокарија во Скопје. Матурантите кои го посетуваат местото имаа можност преку интеракција со студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, да дознаат повеќе за наставните програми на факултетите во состав на УТМС, начинот на студирање и методологијата на работа.
Студентите им ги објаснија на матурантите предностите со кои ќе се стекнат доколку студираат на УТМС. Најголем впечаток на матурантите им остави пријатната работна атмосфера и можностите за студирање во странство.