Промотивната кампања на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје продолжи и во Струга каде со интерактивен пристап беа презентирани 10-те причини зошто треба да се биде дел од УТМС. Пред матурантите од СОУ „Нико Нестор”, „Јахја Кемал“ и СОУ Гимназија „Ибрахим Темо“ беа потенцирани 10-те причини за студирање на УТМС.
Во таа насока препознатливоста беше истакната преку меѓународно признатата диплома, методологијата на студирање, ескпертските предавања, организацијата и спроведувањето на задолжителната пракса и изведувањето на наставно-научните практикуми, програмата за академска мобилност Еразмус+, современите логистички услови за студирање, како и поединечните специфики на наставните програми на секој факултет.
https://utms.edu.mk/novosti/1507-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-srednite-uchilishta-vo-struga#sigProId22a9e908c8