Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, одржа промотивна презентација на 20.03.2019 година пред матурантите од СУГС „8 –ми Септември ” во Скопје.
Матурантите од СУГС „8 –ми Септември” со особен интерес ги следеа информациите презентирани од тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Тимот на УТМС ги информираше присутните матуранти за можностите и уникатноста кои ги нуди УТМС, методологијата, програмите и можностите за меѓународна размена со универзитети во светот. Достапноста на академскиот кадар и мултимедијалната презентација привлекоа голем интерес кај матурантите.
https://utms.edu.mk/novosti/1499-kampanja-8-septemvri-2019#sigProIdefb6bf5de8