Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, реализираше интерактивна презентација на 19.03.2019 година пред матурантите од СУГС „Кочо Рацион” во Скопје.
Тимот од професори и вработени во студентски евиденции разговараа со матурантите на повеќе теми од кои најсилен интерес предизвика Еразмус Плус програмата и наставно-научните практикуми. Тимот ја претстави светски призната методологија на работа и извонредните услови за изведување на настава на УТМС, како и напредните можности за развој и вработување на студентите по своето дипломирање.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/novosti/1497-prezentacija-na-utms-pred-maturantite-od-sugs-kocho-racin-vo-skopje#sigProId4edc118abd
https://utms.edu.mk/novosti/1497-prezentacija-na-utms-pred-maturantite-od-sugs-kocho-racin-vo-skopje#sigProId4edc118abd