Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, одржа промотивна презентација на 14.03.2019 година пред матурантите од СУГС „Зеф Љуш Марку” во Скопје.
Тимот од професори од Универзитетот имаа извонредна можност да се сретнат со стотина матуранти од СУГС „Зеф Љуш Марку” во Скопје. Презентирајќи ги поволностите кои ги нуди универзитетот како единствена високо-образовна научна установа со светски призната методологија на работа и извонредни услови за изведување на настава, како и несекојдневни можности за развој, усовршување и вработување на студентите, ги потенцираа разликите меѓу високо-образовните институции во државата и пошироко.
Презентацијата побуди интерес кај матурантите кои активно се вклучија во дискусија, но и по презентацијата останаа да разговараат со тимот за прашања од нивен интерес во поглед на уписите.
Група од матуранти договорија средба со наставниот кадар во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.
https://utms.edu.mk/novosti/1494-prezentacija-na-utms-pred-maturantite-od-sugs-zef-ljush-marku-vo-skopje#sigProId0a17ae9596