Денес, на 27 февруари, ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, се сретна со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. На средбата, ректорот Миленковски и амбасадорот Секизќок разговараа на повеќе теми од областа на заемната соработка, со главен фокус на образованието.
Притоа, амбасадорот Секизќок му се заблагодари на ректорот за донацијата на Универзитет наменета за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција на почетокот на февруари. Ректорот Миленковски, пак, ја истакна подготвеноста за помош кон братскиот турски народ кога и да е потребно и посака брзо опоравување на областите и на настраданите.
На 23 февруари, хуманитарната помош што ја превезуваше до Истанбул конвојот на Универзитетот, ѝ беше ја предаде на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. На овој начин, Универзитетот ја покажува својата солидарноста на дело, рамо до рамо со турскиот народ!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2192-rektorot-milenkovski-se-sretna-so-ambasadorot-na-republika-turcija-vo-makedonija-n-e-hasan-mehmet-sekizkjok#sigProId4b55e17c5a