Денес, на 22.1.2023 година, во просторите на Универзитетот за туризам и менаџмент, Македонската традиционална карате федерацијата свечено им ги додели признанијата на Изборот на најдобрите македонски каратисти за 2022 година. На проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент, му беше врачено Признанието за придонес во развојот на традиционалното карате во Македонија, а признание доби и м-р Љупчо Миленковски, асистент на Универзитетот, за најдобар судија во 2022 година.
Признанијата им беа доделени на оние што постигнале извонредни спортски резултати во изминатата година, и тоа во повеќе категории: сениори и сениорки, јуниори и јуниорки, кадетки и кадети, деца, тренери и судии. Минатата година, Македонската традиционална карате федерација за прв пат ги организираше светскиот шампионат и светскиот куп за деца на Интернационалната традиционална карате федерација, на кои учествуваат над 500 каратисти од 44 земји.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е долгогодишен поддржувач на традиционалното карате во Македонија. Како општествено одговорна високо образовна институција, Универзитетот секогаш и секаде го промовира активното вклучување на младите во спортот преку поддршка на разни спортски организации и настани.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2177-rektorot-milenkovski-so-priznanie-za-pridones-vo-razvojot-na-tradicionalnoto-karate-vo-makedonija#sigProId350e20b34c