Вчера, на 8.1.2023 година, во просторите на Универзитетот за туризам и менаџмент, Карате федерацијата на Македонија свечено им додели признанија на најуспешните во карате спортот во 2022 година. На Универзитетот за туризам и менаџмент му припадна Признанието за особен придонес во карате спортот. Во името на Универзитетот, Признанието го прими ректорот проф. д-р Аце Миленковски. Признанија добија и најуспешните клубови, тренери и натпреварувачи за 2022 година.
Со Карате федерацијата на Македонија, Универзитетот за туризам и менаџмент соработува уште од самите свои почетоци. Како општествено одговорна високо образовна институција, Универзитетот секогаш и секаде го промовира активното вклучување на младите во спортот преку поддршка на разни спортски организации и настани.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2176-priznanieto-za-osoben-pridones-vo-karate-sportot-za-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment#sigProId48627742c9