Студентките Мишел Смук и Анелина Шевиакова од Универзитетот „Папата Јован Павле II” од Полска следеа предавања од четвртиот академски семестар, на Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје како дел од програмата за мобилност и размена на студенти Еразмус +. Од извонредните искуства студентките од Полска ги издвојуваат: интересните, интерактивни и апликативни предавања, кооперативниот и синергичен однос со професорите, асистентите и студентите на УТМС, квалитетното знаење и позитивната атмосфера. Особено беа задоволни од гостопримството и професионалноста на целокупниот кадар на УТМС вклучен во Еразмус + програмата како и од бројните пријателства со студентите на УТМС.
Студентките Мишел и Анелина го потенцираа фактот дека методологијата на студирање на УТМС е идентична со методологијата на Универзитетот „Папата Јован Павле II” и токму затоа лесно и брзо се вклопиле во студиите.
УТМС покрај договорот за размена со Универзитетот „Папата Јован Павле II” од Полска, поседува многу договори за размена на студенти и академски кадар со врвни светски универзитети и продолжува да ја збогатува својата силна меѓународна мрежа.
https://utms.edu.mk/erazmus-vesti/913-studenti-od-polska-na-erazmus-razmena-na-utms#sigProIde7311b1507