Министерството за образование и наука Ве известува дека, за сите студенти на додипломски студии ќе се организира натпревар на НАТО дивизијата за јавна дипломатија и Универзитетот „William & Mary University“ за справување со дезинформации “Countering Disinformation Challenge“, кој ќе се одржи виртуелно на ZOOM платформата на 1 ноември 2024 година.
Регистрацијата за настанот е отворена до 25 октомври и се врши на следниот линк: 2024 WMGIC x NATO Countering Disinformation Challenge | Whole of Government Center of Excellence | William & Mary
Дополнително, објавен е повик за експерти од областa, кои би се вклучиле во натпреварот како ментори или судии.
Тимови од 3-5 студенти на додипломски студии, ќе добијат детална студија на случај пред почетокот на предизвикот, а нивните ментори ќе ги водат студентите додека разговараат и размислуваат за нивниот предложен план за акција.
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следниот линк: Judges & Mentors | Whole of Government Center of Excellence | William & Mary (wm.edu).
Овој натпревар нуди извонредна можност за сите студенти на додипломски студии да покажат иновативност и да се соочат со предизвикот за справување со дезинформации.