На ден 12. октомври, 2017 година, академскиот кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, имаше можност да се запознае со искуствата од реализираната мобилност на наставен кадар, кој проф. д-р Сашо Кожухаров и доц. д-р Јана Илиева ги имаа во рамките на програмата Еразмус Плус. „Програмата Еразмус плус е посебно искуство за секој академски кадар. Научивме многу за другите култури и пред се, за сопствената. Добивме шанса да ги унапредиме нашите професионални и академски знаења и тоа беше важен пресврт за нас“ – истакнаа професорите кои мобилноста ја реализираа во рамките на Факултетот за економски и административни науки на Универзитетот Булент Еџевит во Зонгулдак, Турција. Воедно, ги мотивираа своите колеги да не се двоумат и да ги искористат бенефитите кои ги нуди оваа мошне популарна програма.
Еразмус плус е програма на Европската унија која обезбедува финансирање на проекти за соработка во областите образование, млади и спорт. На полето на образование посебно се фокусира на студентската мобилност која во денешното образование е се почеста.