УТМС, како докажана општествено одговорна организација, особено кога се во прашање креативноста, амбициите и знаењето на младите и оваа година е поддржувач на МАССУМ Образовното рандеву 2022. Домаќин на манифестацијата е ССОУ „Димитрија Чуповски“- Велес.
Професорскиот кадар на Универзитетот беше дел од комисиите за оценување на натпреварувачите во следните категории:
- Интервју за работа: проф. д-р Александра Стоилковска и доц. д-р Вера Бошковска
- Најуспешен бизнис план: проф. д-р Наташа Ристовска, проф. д-р Далиборка Блажеска и м-р Бети Деловска,
- Англиски јазик: доц. д-р Весна Милевска и проф. д-р Благоја Цонев и
- Интервју за работа на англиски јазик: проф.д-р Сашко Граматниковски.
Учество во овој настан имаа и студентите на УТМС со претставување на својот универзитет, преку директен контакт со средношколците. Од свое лично искуство студентите на УТМС на сите заинтересирани ученици им ја претставуваа методологијата по која се работи на Универзитетот и која им овозможува да се изградат во најквалитетн кадар на пазарот на трудот. Посебен интерес учениците изразија за можноста како студенти да посетуваат студентска пракса во престижни компании во Македонија и во странство, а која ја овозможува УТМС.
https://utms.edu.mk/en/news/general/2037-utms-poddrzhuvach-na-obrazovno-randevu-vo-ssou-dimirtija-chupovski-vo-veles-2#sigProIdfa43d5967e